Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми наскоро ќе го напушти Динамо Загреб, потврдија од хрватскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Анте Чачиќ по денешниот триумф на Динамо Загреб против Локомотива потврди дека Адеми може да замине.
Интерес за 32-годишниот македонски репрезнетативец има од Кина, каде Пекинг Гуан му нуди богат 3-годишен договор.
„Адеми е тука и се додека е тука, таа приказна не би ја развлекувал. Има интерес за него и ќе најдеме решение кое е најдобро за него и за Динамо. Не треба да се зборува за неговата значење за оваа екипа, тука е 13 години и на секој меч го дава максимумот“, изјави Чачиќ.