Ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро смета дека нереални гласините за доаѓање на Лионел Меси на „Етихад“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во летниот преоден рок се шпекулираше дека Манчестер Сити би можел да ја активира откупната клаузула на Меси која изнесува 300 милиони евра, а сега гласите повторно се актуелизираа со оглед на фактот што Аргентинецот се уште го нема продолжено договорот со Барселона.
Сепак, неговиот сонардник и пријател Серхио Агуеро не верува дека Меси може да се пресели во Манчестер Сити.
„Овдека парите не се проблем, но мислам дека Меси е симбол на својот клуб и тешко дека може да замине од Барселона. Би сакал да го имам Лео во својот тим, но мислам дека тоа тешко ќе се случи“, изјави Агуеро.
Агуеро моментално се рехабилитира од повредата со која се здоби во Амстердам и е многу блиску до враќање на терените.