Златан Ибрахимовиќ предизвика реакции во јавноста со својата изјава за аргентинските фудбалери и нивното однесување по Светското првенство.
„Како професионалец не може да го почитувам нивното однесување. Не ми е жал за Меси кој ќе остане вечно запаматен, ниту за Мбапе кој веројатно ќе освои најмалку уште едно Светско првенство…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жал ми е за останатите репрезентативци на Аргентина кои сигурно во кариерата нема ништо друго да освојат“, гласеше изјавата на Агуеро.
Сега одговор до Швеѓанецот стигна од Серхио Агуеро.
„Непристојно е она што го кажа. Не може да каже дека повеќе нема да победуваме. Мислам дека пред да почне да се грижи за Аргентина треба да почне да се грижи за својата држава и соиграчите. Тие воопшто не ни играат на Мундијалите“, гласеше одговорот на Агуеро.
Познавајќи го Ибра низ годините и неговиот карактер, веројатно оваа „војна“ на зборови нема да заврши тука.