Дома Топ вести Агуеро мора да стави крај на кариерата

Агуеро мора да стави крај на кариерата

Ѕвездата на Барселона Серхио Агуеро најверојатно ќе мора да стави крај на кариерата поради проблемите со срцето.

Лекарите утврдиле дека неговите проблеми се посериозни и веќе го известиле дека постои реална опасност да не може да се врати на терените, пренесуваат каталонските медиуми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На 33-годишниот Агуеро му беше дијагностицирана аритмија и беше објавено дека во следните три месеци тој сигурно нема да игра, а во зависност од темпото на неговото лекување ќе биде одлучено колку долго ќе трае неговото закрепнување.

Засега нема никаков коментар од управата на Барселона која ги чека резултатите од сите тестови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан го враќа Брахим Дијаз

Милан на лето сака да го врати Брахим Дијаз на Сан Сиро и за тоа е спремен да плати 30 мил…