Дома Фудбал Агентот на Бејл го возврати ударот: Зидан е срам!

Агентот на Бејл го возврати ударот: Зидан е срам!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го „понижи“ Герет Бејл после пријателскиот дуел со Баерн Минхен.

Бејл не беше повикан за тој меч, а Зидан изјави дека се надева дека Велшанецот наскоро ќе замине бидејќи тоа е најдобро за сите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Бејл, Џонатан Барнет веднаш му одговори на Зидан и изјави дека Французинот треба да се срами.

„Однесувањето на Зидан е срамно, треба да покаже повеќе респект за фудбалер кој направи многу за Реал Мадрид. Како и да е, ние работиме на тоа Герет да се пресели во нов клуб“, изјави Барнет.

„Кога Бејл ќе си замине од Реал, тоа ќе биде само поради најдобриот интерес за Герет и тоа нема да има никаква врска со инсистирањето на Зидан тој да си замине“, заклучи агентот.

Бејл ја освои Лигата на шампионите четири пати со Реал, а минатата година постигна фантастичен гол во финалето против Ливерпул. Со белиот дрес, Герет го освои шпанското првенство, Шпанскиот Куп, Супер Купот на Шпанија и трипати Супер Купот на Европа и Светскиот Клубски Шампионат.

Велшанецот има договор со Реал до 2022 година според кој заработува 17 милиони евра по сезона, и е сака да се откаже ниту од цент од својата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…