Дома Фудбал Останато Агентот демантира: Сите гласини за Зидан се лажни!

Агентот демантира: Сите гласини за Зидан се лажни!

Денес како „бомба“ одекна веста дека Зинедин Зидан е блиску до преземање на кормилото на Пари Сент Жермен.

Информацијата ја објави новинарот Даниел Риоло од радио „Монте Карло“, кој тврди дека Зидан се договорил со ПСЖ и само се чека официјализацијата на отказот на Покетино.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за еминентен француски новинар, кој прв го објави трансферот на Лионел Меси во ПСЖ и сега тврди дека Зидан ќе биде нов тренер на „светците“.

Меѓутоа, агентот на Французинот, Алан Миљачио за „Екип“ ја демантираше оваа информација.

„Сите гласини за договор со ПСЖ се лажни. Ниту Зидан, ниту јас сме контактирани директно од сопственикот на ПСЖ. Јас сум единствениот кој има дозвола да зборува за Зидан и да го претставува него“, изјави агентот, Миљачио.

Останува да видиме каде е вистината, бидејќи сите еминентни медиуми продолжуваат да тврдат дека Зидан е блиску до преземање на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се вратија во Премиер лигата по осум години, а навивачите во првиот натпревар приредија – спектакл!

Овој викенд почна новата сезона во Премиер лигата, а Сандерленд повторно го најде своето м…