Дома Фудбал Италија Агентот: Габигол е понижен во Интер!

Агентот: Габигол е понижен во Интер!

Бразилскиот талент Габриел Барбоса – Габигол ова лето пристигна како големо засилување на „Џузепе Меаца“, а Интер зе неговиот потпис плати 30 милиони евра.

Меѓутоа Бразилецот воопшто не се снајде во Милано, а инетерсно е дека од почетокот на сезоната кај двајца различни тренери одигра само 15 минути во „сино-црниот“ дрес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ситуацијата е навистина апсурдна и не можат да ја разберат ниту фановите на Интер, па фудбалерот кој беше платен 30 милиони евра може да замине после само 6 месеци.

„Интер го понижи Габигол. Тој ќе ја реши оваа ситуација во јануари. Ситуацијата во Интер е неиздржлива, веќе има понуди од Бразил, но мислам дека нема клуб кој може да си го дозволи. Габигол едноставно не може да живее после понижувањето кое го доби. Дојде максимално физички подготвен од Бразил, но реалноста е дека не доби шанса. Беше стартер во Сантос, олимписки шампион и бразилски репрезентативец. Тој е многу несреќен поради ваквиот развој на настаните“, изјави неговиот агент, Вагнер Рибеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …