Скандалозното интервју на Кристиано Роналдо во кое го критикува Манчестер Јунајтед и менаџерот Тен Хаг и понатаму е тема број еден на Островот.
Португалецот побарал да биде интервјуиран од Пирс Морган, кој сега открива дека Роналдо точно го знаел епилогот и го направил тоа плански.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Роналдо е задоволен од тоа како се движат работите. Тој знаеше што и како треба да каже и задоволен е од реакциите. Кристијано не прави ништо без претходен план“, изјави Морган.
„Неговото фудбалско наследство не зависи од неколку месеци под водство на менаџер кој не го почитува. Тој е најдобриот фудбалер на сите времиња, ќе го покаже тоа и на Светското првенство“, додаде Морган.
Ronaldo’s legacy won’t be determined by a few months of disrespect from a new manager. He’s the greatest player of all time, and still a great player, as I suspect we’re about to see at the World Cup.. https://t.co/YM7rk5wTVD
— Piers Morgan (@piersmorgan) November 18, 2022