Дома Фудбал Англија Абрамовиќ пронајде замена за Конте – Пристигнува тренер од Серија А

Абрамовиќ пронајде замена за Конте – Пристигнува тренер од Серија А

Медиумите во Англија тврдат дека во секој момент може да дојде информација дека Антонио Конте повеќе не е тренер на Челзи.

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ веќе долго време е незадоволен од работата на италијанскиот тренер и наводно го чека првиот кикс на тимот за да го отпушти. „Сините“ кои минатата сезона завршија на првото место во Премиер лигата, во моментов се наоѓаат на четвртото место со 16 бода, што е девет помалку од водечкиот Манчестер Сити.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неодамна се појави информација дека играчите во соблекувалната се побуниле и сакале отказ за Конте, за кого најмногу им смета неговиот спеифичен карактер.

sari

Поради сето тоа, Абрамовиќ е во потрага за нов тренер, а за сега прв кандидат за кормилото на Челзи е Маурисио Сари. Станува збор за човек кој ја остави банкарската работа за да се посвети на тренерската. Успеа своевремено да го воведе Емполи во Серија А, а неговиот Наполи во моментов го игра најубавиот фудбал во Италија, а можеби и пошироко.

Тој има откупна клаузула од 7,5 милиони евра, а за Абрамовиќ тоа не е многу да го плати и да го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона нема да бара нов централен одбранбен играч за ова лето

Се чини дека заминувањето на Ињиго Мартинез во Ал-Наср нема да ги промени летните планови …