Дома Трансфер зона Џеко ја отвори вратата за враќање во Премиер лигата

Џеко ја отвори вратата за враќање во Премиер лигата

Голгетерот на Рома, Един Џеко широко ја отвори вратата за евентуално враќање во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босанецот остави голема трага во историјата на Манчестер Сити со освоени две титули во Англија, а притоа постигна 72 гола во 189 натпревари за „граѓаните“.

Во јанури Џеко силно беше поврзуван со трансфер во Челзи, но сепак реши да остане во Рома, а сега тврди дека би сакал да се врати на Островот.

„Поминав прекрасни четири и пол години во Англија. Се насладував на секоја минута во секој изигран меч. Можеби е касно за враќање во Премиер лигата, но никогаш не се знае. Во моментов сум среќен во Рома, но Премиер лигата е нешто посебно“, истакна Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…