Дома Трансфер зона Џеко е „жртва“ поради желбата на Икарди

Џеко е „жртва“ поради желбата на Икарди

0

Един Џеко се уште не станал играч на Интер, а причина за тоа е Мауро Икарди.

Долгогодишниот напаѓач на „Нероаѕурите“ е отпишан од Бепе Марота. Интер сака да се ослободи, дури и неговиот број му го додели на Ромелу Лукаку.

Меѓутоа Икарди се одмаздува така што одбива да премине во Рома. Иако Интер се договори за зделка во која би бил вклучен Џеко.

Договорот е ваков: Џеко би преминал во Интер како замена за Икарди, а Рома би добила дополнителни 40 или 50 милиони евра. Меѓутоа Аргентинецот одгива да премине во Рим затоа што го чека Јувентус.

Исто така тој ги одбива и останатите алтернативи. Се обидоа во Интер да го понудат на Наполи, но и тој нивни обид заврши неуспешно.

Ќе видиме како оваа сапуница ќе заврши, а до крајот на преодниот рок во Италија останаа уште девет дена.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А (ФОТО)

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум во Италија играа најдобрите фудбалери …