Дома Трансфер зона Џака ќе биде првото засилување за Мурињо во Рома

Џака ќе биде првото засилување за Мурињо во Рома


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е пред трансфер во Рома.

Играчот за врска на Арсенал е голема желба на Жозе Мурињо и двата клуба веќе неколку недели водеа преговори за негов трансфер.

Според информациите Рома понудила 18 милиони евра со бонуси и Арсенал ја прифатил понудата.

Џака дал согласност да се пресели на „Олимпико“, па во моментов неговиот агент ги договара последните детали со „волчицата“ и наскоро трансферот треба да биде официјализиран.

Во Арсенал Џака пристигна во 2016 година, а во последно време беше мета на навреди на навивачите, па и самиот сакаше да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја најде замената за Погба

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Јувентус е во потрага…