Хрватскиот стратег на клупата на Торино, Иван Јуриќ испратил сериозни закани до својот колега на спротивната страна во ремито без голови во 27-то коло против Фиорентина.
Во текот на натпреварот Јуриќ влезе во вербален дуел со тренерот Винченцо Италијано и му се заканил дека „ќе му го пресече гркланот“. Поради таквиот коментар доби директен црвен картон, а се очекува санкцијата за него да биде потешка и веројатно неколку натпревари нема да може да седи на клупата на својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јуриќ по мечот се извини и призна дека по натпреварот се прегрнале со Италијано.
„На натпреварите адреналиот е висок и понекогаш се расправаме за работи за кои нема потреба. Италијано е мој пријател и признавам дека претерав, барам да ми простите“, изјавил Јуриќ.
Инаку, Јуриќ е познат по скандалите во Серија А бидејќи претходно имаше и тепачка со директорот на Торино, Давид Вањани.