Дома Фудбал Репрезентации „Ќе ни требаат скутери да го запреме Мбапе“

„Ќе ни требаат скутери да го запреме Мбапе“

Вечерва Полска игра против актуелниот светски шампион Франција, Французите секако се фаворити, но во Полска веруваат во изненадување.

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик на прес-конференцијата доби прашање од новинарите како би го запреле Килијан Мбапе. Напаѓачот на Јувентус се пошегува изјавувајќи дека ќе им бидат потребни скутери да го запрат Мбапе.

„Како ќе играме против Мбапе? Мислам дека ќе ни требаат скутери да го направиме тоа, навистина е премногу брз. Тешко е да играте против еден од најдобрите во светот. Треба да играме тимски и да соработуваме, затоа што не постои човек кој „еден на еден“ може да го запре“, изјави Милик.

Франција и Полска осминафиналниот натпревар го играат денес од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Италија против Франција: Нападот на Италија предводен од браќата Еспосито и Моисе Кин

Италија со агресивен состав против Франција, вклучувајќи ги браќата Еспосито и Моисе Кин, …