Дома Фудбал Ќе биде ли Раул идниот тренер на Реал Мадрид?

Ќе биде ли Раул идниот тренер на Реал Мадрид?

Статусот на легенда кој го има во Реал Мадрид, Раул секогаш ќе го става како еден од кандидатите за преземање на тимот на Реал Мадрид.

Раул во овој момент одлично работи со младиот тим во третолигашката конкуренција и се повеќе во шпанските медиуми може да се прочита дека сигурно еден ден ќе го води и првиот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти има договор со Реал Мадрид до летото 2024 година и најави дека по завршувањето на истиот планира да оди во пензија. Неговиот син и помошник Давиде се споменува како можен наследник, но „АС“ потенцира да не се заборава Раул.

Младиот тим на Реал Мадрид во овој момент е трет на табелата во третата лига со бод помалку од водечката Кордоба. Денес изминуваат 100 дена од последниот пораз кој тимот на Раул го претрпе, низата е долга 12 натпревари.

Освен резултатите добрата работа на Раул ја потврдува и Анчелоти со тоа што веќе имаше неколку повици во сениорскиот тим од младинскиот тим на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…