Се уште постои шанса Џеси Лингард да го напушти Манчестер Јунајтед во последните часови од зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Утрово играчот имал средба со менаџерот Ралф Рангник и добил дозвола од клубот да направи трансфер, доколу пристигне адекватна понуда.
Еминентниот медиум „Атлетик“ пренесува дека непосредно после средбата Њукасл испратил подобрена понуда за Лингард. Исто така понуда за неговиот потпис пристигнала и од Вест Хем, каде Лингард играше под наем минатата сезона.
Останува да видиме дали „црвените ѓаволи“ ќе прифатат некоја од понудите и дали ќе се реализира трансферот до крајот на денот.