Дома Трансфер зона Јувентус спрема „бомба“ од 75 милиони евра

Јувентус спрема „бомба“ од 75 милиони евра

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лигата, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Јувентус.

Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а оваа сезона продолжи со одличните настапи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но и самиот изрази желба да ја промени средината.

На лето ќе има голема битка за неговиот потпис, а Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да плати 75  милиони евра.

„Старата дама“ е спремна на лето да го продаде Влаховиќ и како негова замена да го доведе Ѓекереш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…