Пред неколку години, муслиманскиот свет беше фасциниран од Карим Бензема кој покажа извонредни перформанси во Лигата на шампиони по целодневен пост. Моментално, Реал Мадрид има неколку играчи кои постат за време на Рамазан, меѓу кои се истакнуваат Антонио Рудигер, Арда Гулер и Ферланд Менди.
Барселона исто така има играчи кои постат за време на Рамазан. Неодамна беше забележана интересна сцена на тренинг пред натпреварот со Реал Сосиедад. Додека другите играчи се освежуваа со вода, Ламине Јамал се издвоил и отишол на друг дел од теренот да си игра со топката. Со овој чин, Јамал како да сакаше да порача: “Не, благодарам, јас постам!” Кратко се оддели од соиграчите, демонстрирајќи ја својата посветеност на верските обичаи.
.لامين يمال صائم 🫡
— FCB World (@forcabarca_ar) March 1, 2025
اثناء التدريبات الجميع توقف لشرب المياه، هو ذهب بعيدًا مع الكرة pic.twitter.com/TB56JG0N9w