Дома Фудбал Јамал се воодушевува на Меси, но има друг идол: Тој е нешто сосема поинакво!

Јамал се воодушевува на Меси, но има друг идол: Тој е нешто сосема поинакво!

Фудбалерот на Барселона Ламине Јамал изрази восхит кон Нејмар. Младиот ас на Барселона го пофали бразилската ѕвезда, истакнувајќи дека играчот на Ал-Хилал е негов фудбалски идол.

Иако го споредуваат Јамал со Меси, за него Нејмар е сепак посебен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Имав пет години кога првпат го гледав во Сантос, а седум кога го сретнав лично на Камп Ноу”, се потсети Ламине Јамал во интервју за Си-Ен-Ен.

“Беше неверојатно да го гледам како игра. Да, вистина е дека и Меси беше тука, и беше исто така неверојатен, но Нејмар е нешто сосема друго. Нејмар секогаш беше мој идол. Тој е ѕвезда, легенда во фудбалот”, рече Шпанецот.

Седумнаесетгодишниот Ламине Јамал е под договор со Барселона до средината на 2026 година, а прашан за можноста за продолжување на договорот со шпанскиот клуб, рече:

“Не знам кога ќе биде потпишан договорот, но мислам дека ќе биде наскоро. На крајот, Барселона е клубот на мојот живот. Се надевам дека ќе го обновам договорот и ќе останам што подолго”, рече Јамал.

Јамал оваа сезона во дресот на Барселона одигра 22 натпревари на кои постигна седум гола и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…