Јувентус спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“.
Приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи Киелини го напушти клубот после 17 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кулибали е на врвот на листата желби на Јувентус, а Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето.
Тој влегува во последната година од договорот, а ја одби понудата за продолжување на соработката.
Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент, но проблем може да биде што Наполи не сака да го продаде на директен конкурент.