Дома Топ вести Јувентус спреми прва понуда за Габриел

Јувентус спреми прва понуда за Габриел

Раководството на Јувентус почна сериозно да работи на трансферот на дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магалјаеш.

„Бјанконерите“ во Габриел гледаат идеална замена за Матијас де Лихт, кој е пред трансфер во Баерн Минхен, па веќе спремија прва понуда за Бразилецот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус е спремен да понуди 25 милиони фунти и во трансферот да вклучи еден свој играч. Станува збор за Артур или Рабио, фудбалери за кои Арсенал беше заинтересиран во минатото.

24-годишниот бразилски дефанзивец одигра одлична сезона и е најголема желба на тренерот Макс Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …