Дома Фудбал Италија Јувентус сака да ја намали платата на Погба

Јувентус сака да ја намали платата на Погба

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли ќе има средба со агентот на Пол Погба, бидејќи клубот сака да ја корегира платата на Французинот.

Погба е еден од најплатените фудбалери во тимот, но не ги исполни очекувањата и минатата сезона ја пропушти поради повреда.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Тој прво мораше да оди на операција на коленото, па кога се врати на терените, се повреди во првиот меч и ја пропушти цела сезона.

Оваа сезона исто така има проблеми, па Јувентус сака да направи корекција на договорот и да ја намали неговата плата.

30-годишниот Погба има 11 настапи во последните 12 месеци, а годишно заработува 8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикфорд во натпреварот против Србија израмни рекорд

Репрезентацијата на Англија вчера ја победи Србија со 0:1 во натпреварот кој се играше во …