Дома Топ вести Јувентус не се откажува од Халанд

Јувентус не се откажува од Халанд

Еминентниот германски весник „Билд“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Ерлинг Халанд би можел да ја напушти Борусија Дортмунд порано од очекуваното.

Ерлинг Халанд оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа и неговио трансфер во Борусија Дортмунд се покажа како вистински погодок за „милионерите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Халанд на само девет натпревари за Дортмунд постигна 12 гола, па уште сега се шпекулира дека нема долго време да остане во тој клуб.

„Билд“ тврди дека Јувентус не се откажал од доведување на Норвежанецот, па веќе работи на неговиот трансфер и ќе се обиде да го донесе во Торино уште ова лето.

Голема улога во реализација на трансферот ќе одигра неговиот менаџер Мино Раиола, кој во договорот на Халанд ставил откупна клаузула од 75 милиони евра, сума која Јувентус е спремен да ја плати.

Сепак, „старата дама“ ќе треба да ја победи големата конкуренција, бидејќи за Халанд силен интерес покажуваат Реал Мадрид и клубовите од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…