За Федерико Киеза заврши сезоната, Јувентус ги потврди лошите вести по натпреварот против Рома.
Во дербито со „волчицата“ Киеза заработи тешка повреда на коленото. Добро во целата ситуација за Јувентус е што се уште сме јануари и е отворен преодниот рок па ќе можат да интервенираат со доведување на негова замена.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Последните информации на италијанските медиуми е дека Јувентус е заинтересиран за фудбалерот на Зенит Сердар Азмун. Фудбалерот кој го носи прекарот „иранскиот Меси“ не би бил скапа инвестиција затоа што договорот со рускиот клуб му завршува на крајот од сезоната.




Наводно, Јувентус веќе ги остварил првите контакти со агентот на фудбалерот и Азмун изразил желба за преселба во Италија.