Дома Трансфер зона Јувентус и Јунајтед спремаат размена – Манџукиќ доаѓа на Олд Трафорд

Јувентус и Јунајтед спремаат размена – Манџукиќ доаѓа на Олд Трафорд

Со доаѓањето на Маурицио Сари во Јувентус јасно е дека за Марио Манџукиќ повеќе нема место во тимот, а италијанските медиуми тврдат дека напаѓачот може да заврши на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сари планира да го користи Роналдо како најистурен напаѓач, па веќе му порачал на Манџукиќ да си бара нов клуб.

Италијанските медиуми денес пренесуваат дека „бјанконерите“ сакаат да го искористат Хрватот за трампа со Манчестер Јунајтед и така да дојдат до потписот на Матео Дармијан.

„Старата дама“ е во потрага по десен бек бидејќи Кансело е на излезна врата, па сакаат да го вратат Дармијан во Серија А.

Двајцата играчи се проценети на околу 20 милиони евра, па многу веројатно дека двата клуба ќе се договорат за размената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…