Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.
Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а „црвените ѓаволи“ потврдија дека тој повеќе нема иднина во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната, па ќе го раскинат договорот.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти Јувентус и Милан и да го доведат талентот без обештетување.
Двата клуба се спремни да му понудат долгорочни договори, бидејќи сметаат дека може да биде голема фудбалска ѕвезда во иднина.