Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус ова лето би можел да се пресели во Серија А.
Габриел Жесус не е задоволен од својот статус на „Етихад“ и е спремен да ја промени средината, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на „Газета“ Сити би можел да го испрати на позамица Жесус со обврска Јувентус да го откупи на крајот од сезоната.
Жесус би пристигнал и ако Кристиано Роналдо остане во клубот, засега иднината на Португалецот не 100% сигурна и таа ќе биде решена по завршувањето на Европското првенство.
Алегри сака да донесе нов напаѓач, а прва желба е токму Габриел Жесус.