Дома Трансфер зона Јувентус го сака синот на Турам кој блеска во Бундеслигата

Јувентус го сака синот на Турам кој блеска во Бундеслигата

Јувентус е заинтересиран за Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах, кој е син на легендарниот играч на „старата дама“ Лилијан Турам.

Младиот Турам сезонава е во фантасична голгетерска форма и на 37 натпревари за Борусија постигна 14.голови и запиша девет асистенции.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој во Бундеслигата дојде минатото лето од редовите на Гингамп за 9 милиони евра, цифра која сега драстично скокна со неговите добри партии.

Таткото на Турам го носеше дресот на Јувентус од 2001 до 2006 година, па Јувентус веќе стапил во контакт со него и сака да го донесе во Торино.

Маркус Турам всушност и голем период од детството го мина токму во Торино, а неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…