Aко му веруваме на „Тутоспорт“ ова лето ќе видиме голема реконструкција во Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најголеми промени ќе претрпи средниот ред каде веќе замина Пјаниќ и ќе пристигне Артур.
„Тутоспорт“ тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио, кои не се покажаа во својата прва сезона во Торино.
Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Најголема желба на Сари во средниот ред е Жоржињо од Челзи, па се очекува тој трансфер да биде финансиран од продажбата на Рамзи и Рабио.