Дома Фудбал Јувентус бара ГОЛЕМИ промени во Серија А!

Јувентус бара ГОЛЕМИ промени во Серија А!

Екипата на Јувентус го објави финансиското работење на клубот за минатата сезона во која е забележан профит од 42 милиони евра.

„Старата дама“ во минатата сезона вкупно заработила 411.5 милиони евра, но претседателот Андреа Ањели истакнува дека најважно е клубот да го задржи нивото на квалитет и да продолжи да доминира во Италија.

Најмногу „прашина“ се подигна околу констатацијата дека Ањели ќе се залага за намалување на бројот на клубови во Серија А од 20 на 18.

„Секоја сезона приходите на лигата растат. Тоа најдобро го покажува фактот што приходите во последните неколку сезони пораснаа од 12.8 милијарди евра на 18.5 милијарди евра. Токму поради тоа ни е потребна нова распределба“, заклучи претседателот на Јувентус.

Дали бројот на клубови во Серија А навистина ќе се промени и ќе се врати на 18 ќе дознаеме на крајот на тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серена за кавгата со Манчини: Го заклучив со мене, моравме да расчистиме!

Микеле Серена откри како конфликтот со Роберто Манчини во Сампдорија прераснал во долгогод…