Дома Фудбал Англија Јанг го понижил Али – Читачите на усни открија што му рекол Јанг на Деле Али

Јанг го понижил Али – Читачите на усни открија што му рекол Јанг на Деле Али

Манчестер Јунајтед вчера со 1:0 го совлада Тотенхем во дербито на колото во Англија.

Ентони Мартиал го постигна голот за важната победа на Јунајтед, кој без Пол Погба го запре Тотенхем, во чиј тим не го имаше повредениот Хари Кејн. Гостите многу очекуваа од талентираниот Деле Али, но ниту тој не им помогна на Спарсите за да го преживеат гостувањето на „Олд Трафорд“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ешли Јанг и Деле Али имаа неколку судири во текот на натпреварот, а во еден момент наводно Јанг му рекол на својот противник: „Кога ќе ја освоиш Премиер лигата, јави ми се“.

Јанг во 2011. година се пресели во Манчестер Јунајтед и со нив во 2013. година ја освои Премиер лигата, додека Али во претходните две сезони заврши на третото, односно второто место со Тотенхем.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус ја одби „понудата на векот“

Криптовалутната компанија Tether вчера соопшти дека доставила обврзувачка понуда во готови…