Дома Трансфер зона Ѕвездата на Лацио не се појави на првиот тренинг, Милан и Јувентус се борат за неговиот потпис

Ѕвездата на Лацио не се појави на првиот тренинг, Милан и Јувентус се борат за неговиот потпис

Новиот тренер на Лацио, Маурицио Сари сигурно ќе биде многу лут бидејќи еден од најдобрите играчи не се појави на првиот собир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува „Кориере дело Спорт“ Луис Алберто не се појавил на првиот собир на тимот и на лекарските прегледи пред почетокот на сезоната.

Тоа го налути раководството на Лацио, кое наскоро ќе има средба со фудбалерот и неговиот агент.

Луис Алберто сака да го напушти клубот, а интерес за неговиот потпис покажуваат Милан и Јувентус.

Меѓутоа, Шпанецот има долг договор и Лацио за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која заинтересираните клубови  не се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…