Дома Трансфер зона Ѕвездата на Баерн „флертува“ со Арсенал

Ѕвездата на Баерн „флертува“ со Арсенал

0

Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба денес отворено призна дека би сакал еден ден да заигра во Премиер лигата.

Алаба е производ на школата на Баерн и веќе неколку години е стандарден првотимец. Австриецот е поливалентен играч, но во последните години се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.

Но, Алаба призна дека еден ден се гледа себе со во Премиер лигата, притоа призна дека од мали нозе навива за Арсенал.

„Во иднина можам да се замислам во Премиер лигата, но сега сум среќен во Баерн. Во Англија има големи клубови, но јас од мали нозе навивам за Арсенал. Кога како дете ќе засакате некој клуб тогаш тоа трае до крајот на животот. Во мојот случај тоа е Арсенал, па можеби еден ден ќе заиграм таму“, изјави Алаба.

Се погласни се шпекулациите дека на лето ако Баерн го доведе Лукас Хернандез од Атлетико Мадрид ќе му ја отвори излезната врата на Давид Алаба.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона ќе го пушти Дембеле во Ливерпул, но само под еден услов

Осман Дембеле во 2017 година како големо засилување пристигна од Борусија Дортмунд во Барс…