Дефанзивецот на холандскиот гигант Ајакс, Дејли Блинд, утрово бил префрлен во болница, каде му било дијагностицирано дека има воспаление на срцевиот мускул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Блинд одреден период ќе мора да остане во болница, што значи дека ги пропушти подготовките на Ајакс за продолжение на сезоната и неизвесно е кога ќе се врати на тренинг.
29-годишниот фудбалер, по објавата дека е во болница, се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за пораките со поддршка и негова желба е да се врати што е можно побрзо на теренот.
Блинд е дете од школата на Ајакс. Во 2008 година дебитираше за гигантот од Амстердам, каде остана до 2014 година. Потоа направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а после четири сезони се врати во Амстердам.
Thank you all ?? pic.twitter.com/7Z32bcwb5X
— Daley Blind (@BlindDaley) December 21, 2019