Дома Трансфер зона Ѓекереш откри дали ќе прави трансфер во јануари

Ѓекереш откри дали ќе прави трансфер во јануари

Големата трансфер желба на европските гиганти и напаѓач на Спортиг Лисабон, Виктор Ѓекереш проговори за својата иднина.

Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а оваа сезона продолжи со одличните настапи. Тој е трансфер желба на многу клубови, особено на Манчестер Јунајтед.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Се шпекулира дека напаѓачот уште во јануари може да го следи тренерот Аморим и да направи голем трансфер.

„Сакам да ја завршам сезоната во Спортинг, ми се допаѓа овде. Нов клуб? Ќе видиме кога ќе дојде време. Во моментов сакам да играм, тоа е од клучно значење за мене, а има и други фактори“, изјави Ѓекереш.

Во досегашниот дел од сезоната тој има 23 гола и 4 асистенции на 18 натпревари за Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…