Дома Останати Кошарка Ѓуровски верува во успех: Мислам дека можеме да ја исполниме мисијата

Ѓуровски верува во успех: Мислам дека можеме да ја исполниме мисијата

Нашите најдобри кошаркари се веќе во Левице, и веќе го одработија првиот тренинг во Арената во овој град, каде во четврток навечер (18. часот) ќе го одиграат натпреварот од петтото коло од групата „Д“ од вториот претквалификациски круг за место во оние главни квалификации за Евробаскетот 2025.  

Искусниот Стојан Ѓуроски, кој од оваа сезона е дел од шпанскиот Оуренсе, смета дека нашата селекција е способна да ја реализира целата – да остане на првото место во групата кое директно води во квалификациите за ЕП.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Мислам дека можеме да ја исполниме мисијата. Ако не верував во тоа, немаше да бидам тука. Знаеме дека Словаците играат доста добро дома, сега се засилени со нивниот најдобар кошаркар, кој направи разлика на последните два натпревари на кои настапи.

Си ја знаеме нашата игра, со мали промени во тактиката во нашата игра, мислам дека ќе славиме уште во Словачка, за првото место, кое нè води во следните квалификации. Атмосферата е одлична, на секој следен натпревар одиме максимално, па што биде – нека биде“ – вели високото крило на нашиот национален тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Полицијата уапсила навивач од Куманово зашто сакал да внесе навредлив транспарент

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека бил уапсен навивач кој сакал да внес…