Дома Останати Тенис Ѓоковиќ после голема борба поразен од Тим во Лондон

Ѓоковиќ после голема борба поразен од Тим во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа пораз во второто коло на завршниот Мастерс во Лондон.

Откако во првото коло беше подобар од Матео Беретини, Новак во три сета запиша пораз од Домник Тим (6:7, 6:3, 7:6).

Ѓоковиќ добро ја контролираше ситуацијата во првиот сет, во тај-брејкот дојде до водство. Меѓутоа, на почетокот на вториот сет работите се променија.

Тим поведе со 3:0, на крајот го освои сетот со 6:3. Во третиот сет видовме голма борба.

Тим го отвори со брејк, Ѓоковиќ успеа да се врати, но при 5:5 Србинот очајно срвираше, па Тим стигна до 40:0 и ја искористи првата брејк шанса. Поведе со 6:5, но Ѓоковиќ веднаш врати и се влезе во уште еден тај-брејк.

Во тај-брејкот Ѓоковиќ водеше со 3:0 и 4:1, а на крајот доживеа пораз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Видео за во најсмешни инсерти: Дали ова е најлошиот тенисер во историјата?

Во Доха се одржува еден од многуте Фјучерс турнири со награден фонд од 15.000 долари. Фјуч…