Дома Останати Тенис Ѓоковиќ на само три минути до почетокот на мечот на Синсинати ги гледал епските пенали на Звезда (ВИДЕО)

Ѓоковиќ на само три минути до почетокот на мечот на Синсинати ги гледал епските пенали на Звезда (ВИДЕО)

0

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна Мастерсот во Синсинати, иако на стартот од мечот имаше и малку проблеми.

Квери подобро го започна мечот, поведе со 2:0 и таа предност ја одржуваше до шестиот гем кога Ѓоковиќ дојде до изедначување на 3:3, а потоа после една интересна борба Ѓоковиќ направи уште еден бреј за конечни 7:5 во првиот сет.

Ѓоковиќ во интервјуто после мечот откри дека на три минути пред излегувањето на мечот ги гледал епските пенали помеѓу Звезда и Копенхаген.

„Можеби затоа бев малку нервозен, само до три минути пред излегувањето на теренот скокав во соблекувалната. Се загревав и го следев мечот со тренерот Горан и целата екипа од екс Ју. Тоа е неверојатен подвиг, честитки до целиот тим. Посебно до Борјан кој успеа да одбрани толку пенали. Тоа е неверојатно, такво нешто јас никогаш немав видено“, изјави Ѓоковиќ за „Спорт Клуб“.

На почетокот од интервјуто Ѓоковиќ зборуваше за неговиот меч.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Јанко Типсаревиќ кажа крај: Нема да напишам говор после кој сите ќе плачете

Jaнко Типсаревиќ донесе важна животна одлука. Еден од најдобрите српски тенисери на сите в…