Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донесе одлука да игра на овогодинешниот УС Опен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Освен на вториот Грен Слем Новак ќе игра уште на Мастерсот во Синсинати кој почнува седум дена пред турнирот во Њујорк.
„Мило ми е што можам да потврдам дека ќе се натпреварувам на УС Опен оваа година. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука посебно зимајќи ги во предвид препреките и предизвиците, но се радувам што повторно ќе се натпреварувам на тенискиот терен“, соопшти Новак преку Инстаграм.
Инаку на УС Опен нема да ги гледаме Роџер Федерер кој е повреден, а Рафаел Надал одлучи да не настапи поради коронавирусот.
УС Опен почнува на 31 август и ќе се игра до 13 септември.