
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ го победи коронавирусот.
Ѓоковиќ и неговата сопруга беа позитивни на Ковид-19 по враќањето од Задар и претходниот период го поминаа во самоизолација.
Денешниот тест кој го направија двајцата покажа дека се негативни.
Ќе потсетиме Ѓоковиќ се зарази за време на турнирот „Адрија Тур“ кој тој го организираше и на кој се заразија повеќе учесници.
За организацијата на овој турнир Ѓоковиќ доби и бројни критики од целиот свет.
Коментари