Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Што ќе биде со Европското првенство?

Што ќе биде со Европското првенство?

Ситуацијата со коронавирусот во цела Европа е алармантна, па Европската куќа на фудбалот (УЕФА) е многу блиску да донесе одлука за одложување на Европското првенство.

Поради пандемијата на коронавирусот УЕФА, наводно, е многу блиску до одлуката за одложување на Европското планирано за јуни и ќе се обиде да го премести за летото 2021 година.

Исто така е многу можно дека сезоната во европските натпреварувања да биде прекината до понатамошно известување и дека фудбалот на Стариот континент нема да се игра воопшто до крајот на пандемијата.

Одлуката за суспендирање на фудбалски натпревари и одложување на Европското за следната година е уште поизвесна откако фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани беше позитивен за коронавирусот и нема да биде изненадување ако УЕФА донесе таква одлука.

Јужноамериканската фудбалска федерација (Конмебол) исто така го одложи стартот на квалификациите за Светскиот куп во Катар и натпреварите нема да се играат до крајот на март.

Светот на фудбалот е во хаос и ова е веројатно една од најтешките години во историјата на најважната споредна работа во светот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Сити спрема пречек за Ливерпул – шпалир за шампионот

Минатогодишниот шампион Манчестер Сити вечерва го пречекува новиот шампион во Премиер лига…