Енди Ван Дер Мејде беше една од најголемите надежи на холандскиот фудбал на почетокот на 21-виот век, но поради проблемите со повредите и ноќниот живот никогаш не успеа да направи кариера каква што му се предвидуваше.
Беше дел од големата генерација на Ајакс во која играа Весли Снајдер, Рафаел Ван Дер Варт, Стивен Пиенар и Златан Ибрахимовиќ, со кој Ван Дер Мејде беше голем пријател. Овој фудбалер поради алкохолот си создаде големи проблеми, патеше и од депресија, а кога се извлече за својот живот напиша книга и гостуваше во бројни емисии.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во една таква минатата недела откри детал од играчките денови со Ибрахимовиќ.
„Седевме заедно во автобус додека игравме за Ајакс. Во еден момент кога спиеше, во мене се разбудија хомосексулани желби и го бакнав во уста. Погодуваше што следеше – добив неколку удари во главата“, изјави низ смеа Ван Дер Мејде.
Познавајќи го карактерот на Ибрахимовиќ вакво нешто воопшто не изненадува, повеќе изненадува тоа што Ван Дер Мејде одлучил да си поигрува со машкоста на еден од најголемите егоисти во светот на фудбалот.