Дома Фудбал Англија ШТО ЛИ Е ТОА ПОРАЗ? Ѕвездата на Сити точно година дена не загуби натпревар

ШТО ЛИ Е ТОА ПОРАЗ? Ѕвездата на Сити точно година дена не загуби натпревар

Не можат премногу фудбалери да се пофалат дека за една година не знаат како да загубат натпревар. Сепак, еден жител на „Етихад“ е еден од нив.

Габриел Хесус пристигна во јануари и веднаш покажа дека се прилагоди на дождливиот Манчестер и жешкиот ритам во Премиер лигата. Во овие 10 месеци постигна 15 гола во 23 настапи, а таа бројка би можела да биде поголема да не се повредеше на два месеци.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Сепак, Хесус има една прекрасна серија уште од татковината. Последниот пат загуби на 29. октомври минатата година. Тогаш беше во Палмеирас во родниот Сао Паоло. Не е поразен на ниту во еден конкурентен натпревар, вклучувајќи ги и натпреварите за Бразил.

На вкупно 35 натпревари за Палмеирас, Бразил и Сити, Хесус запиша 27 победи и 8 нерешени резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл ја „краде“ желбата на Јувентус

Коло Муани е голема желба на Јувентус, каде ја помина втората половина од минатата сезона.…