Дома Фудбал Останато Шпанците откриваат: Една од причините за заминување на Зидан е моментот од финалето во ЛШ

Шпанците откриваат: Една од причините за заминување на Зидан е моментот од финалето во ЛШ

0
zidane

Шпанците пишуваат пишуваат за нова причина, на тема – зошто Зидан го напушти Реал Мадрид.

Голема прашина се крена минатото лето кога Зинедин Зидан одлучи да го напушти Реал Мадрид откако освои три титули во Лигата на шампионите.
Шпанскиот медиум „Ел Паис“ открива дека една од причините е Герет Бејл.

Имено, Зидан сакал Бејл да го напушти клубот на што Флорентино прво се согласил, но шпанскиот бизнисмен го сменил мислењето после фантастичните „ножички“ на Бејл во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Во тие моменти Перез сметал дека е подобро за тимот да замине Роналдо, а да остане Бејл со образложение дека Велшанецот прави разлика во големите натпревари.


Следете го Sportski.mk и на


Зидан не се сложил со такво нешти и сакал од клубот да добие 100 милиони евра за да доведе еден од светските ѕвезди, Мохамед Салах, Еден Азар или Хари Кејн.

На крајот Французинот беше тој кој го напушти клубот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Принцот од Саудиска Арабија го купува Манчестер Јунајтед!?

Иако во претходните неколку години „црвените ѓаволи“ немаат добри резултати на теренот, се…