Дома Топ вести Шпанците најавуваат сензација: Реал Мадрид тргнува по – Златан Ибрахимовиќ!?

Шпанците најавуваат сензација: Реал Мадрид тргнува по – Златан Ибрахимовиќ!?

ibrahimovic

Oсум часа и една минута Реал не постигна гол пред тоа конечно да го направи против Леванте, но и тој натпревар го загубија со 1:2. Тоа беше четврти пораз за „кралевите“ во последните пет натпревари.

Овој Реал е најнеефикасниот во историјата на клубот долга 116 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо го напушти Мадрид, а Бензема, Асенсио, Бејл и Мариано заедно не можат да го ннадополнат неговото отсуство.

Поради тоа Реал кој создава по десетина прилики за гол оваа сезона, место да постигнува погодоци, погодува пречки ,стативи и ги прославува противничките голмани. После девет кола Реал се наоѓа на катастрофалната седма позиција.

Шпанските медиуми поточна радиото „КОПЕ“ лансираше вистинска бомба – Реал Мадрид кризата ќе се обиде да ја реши со доведување на Златан Ибрахимовиќ!

Шведскиот голгтер на почетокот на овој месец го прослави 37-иот роденден, а договорот со Галкси го врзува до крајот на 2019 година, но не е исклучена можноста за порано аминување.

Во последно време ова не е прв пат Ибрахимовиќ да се поврзува со враќање во Европа, претходно „Кориере дела Сара“ на денот на неговиот роденден тврдеше дека Швеѓанецот преговара со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Новак Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на светот во 2023 година

Новак Ѓоковиќ и шпанската фудбалерка Аитана Бонмати се добитници на наградите Лауреус, так…