Бојан Миовски денеска треба да го комплетира неговиот трансфер во шпанска Жирона која минатата сезона беше хит во Ла Лига и успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Миовски во Жирона пристигнува како замена за најдобриот стрелец на тимот Артем Довбик кој направи трансфер во Рома.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Дека во клубот имаат големи очекувања од македонскиот напаѓач покажува и тоа што веќе направија и песна во негова чест која во продолжение може да ја слушнете во видеото со негови погодоци од дресот на Абердин.