Дома Фудбал Шпанската лига и даде предност на Барселона пред Реал Мадрид

Шпанската лига и даде предност на Барселона пред Реал Мадрид

Актуелниот шампион Барселона има право да потроши 66,5 милиони евра повеќе од Реал Мадрид за плати на своите фудбалери оваа сезона.

Тоа го определи Фудбалската лига на Шпанија после направена анализа на финансиската состојба на професионалните клубови во државата.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


За да не се допуштаат крајности при трошењето пари, Лигата пресметува, врз основа на приходите и буџетите на клубовите, каква треба да биде горната граница за плати.

Па така Каталонците можат да одделуваат 632.971 милиони евра, додека „кралскиот“ клуб не треба да ја надминува сумата од 566.530 милиони евра (плати со вклучени даноци).

Двата најголеми гиганти се далеку пред сите, па дури и огромна е разликата со Атлетико Мадрид кој смее да потроши 293 милиони евра за плати.

Тука влегуваат плати за фудбалери, тренери, персонал, раководството, бонуси за агенти, осигурувања и даноци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд по триумфот над Италија: Манчини почна да ме допира по задникот!

Фудбалерите на Норвешка одржаа лекција на Италија на гостински терен на крајот од квалифик…