Дома Фудбал Италија Шок за Јувентус: Бремер во „аут“ до крајот на сезоната?!

Шок за Јувентус: Бремер во „аут“ до крајот на сезоната?!

Eкипата на Јувентус одлично ја започна новата сезона. „Старата дама“ се уште нема примено гол во Серија А, а победи и на двата воведни натпревари во Лигата на шампионите против ПСВ и Лајпциг.

Против Лајпциг вчера Јувентус победи во еден возбудлив натпревар во кој со играч помалку успеа да направи пресврт од 2:1 до 2:3. Но, исто така на оваа средба тренерот Тијаго Мота беше принуден да направи две измени во првите 11 минути.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во почетните минути од натпреварот повреди заработија Бремер и Гонзалез, а според првичните информации од Италија посериозна е онаа на Бразилецот. Бремер остана да лежи на теренот и уште веднаш беше јасно дека ќе мора да биде замент.

По мечот тренерот Мота не сакаше да дава коментар за повредите и истакна дека ќе ги чека резултатите. Меѓутоа ако се потврдат информациите дека станува збор за кинење на лигамнетите тоа би било кошмар за „старата дама“ затоа што најдобриот дефанзивец ќе ја заврши сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус ќе го задржи Калулу, Милан ќе добие 14 милиони евра на три рати

Фудбалскиот клуб Јувентус денеска соопшти дека го откупил одбранбениот играч Пјер Калулу о…