Дома Фудбал Шок за Реал Мадрид на неколку часа пред дербито против Џирона

Шок за Реал Мадрид на неколку часа пред дербито против Џирона

Иако се најде на списокот на играчи, Антонио Рудигер не ги помина дополнителните лекарски прегледи и ќе го пропушти денешното дерби против Џирона.

Секако дека ова е голем удар за Карло Анчелоти бидејќи во текот на неделата отпадна и Начо Фернандез, а од претходно повредени се Едер Милитао и Давид Алаба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Стоперскиот тандем на Реал денес би требало да го сочинуваат Дани Карвахал и Орлиен Чуамени, додека на бековските позиции ќе бидат Лукас Васкез и Ферлан Менди.

Останатите линии на тимот се пополнети без повреди и се очекува да настапат: Крос, Модриќ, Валверде, Камвинга, Винисиус и Родрио. Натпреварот е закажан од 18:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ФОТО) Поранешниот шампион на Европа го промени грбот: Навивачите разочарани и никој не верува дека е ова вистина

Олимпик де Марсеј е еден од најстарите и најтрофејни француски клубови, основан во 1899 го…