Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија одигра најдобро кога најмногу требаше, пукна „петарда“ во мрежата на „лавовите“

Шкендија одигра најдобро кога најмногу требаше, пукна „петарда“ во мрежата на „лавовите“

Денес се одиграа натпреварите од 14. коло во ПМФ, а за издвојување е високата победа на Шкендија против Македонија Ѓ.П.

Натпреварот кој беше означен како дерби на колото затоа што играа првопласираниот и второпласираниот тим заврши со убедлив триумд на домаќините. Шкендија работата ја заврши уште во првите 45 минути.

Супер талентот Дашмир Елези го отвори резултатот во 10. минута, а Дориев и Ибраими во период од четири минути во 35. и 39. минута погодува за убедливи 3:0 на паузата. „Лавовите“ беа немоќни во вториот дел, а со два гола во финишот од мечот преку Нафиу и Тотре тетовци запишаа победа од 5:0.

Силекс со минимални 1:0 славеше над Вардар во Кратово иако од 45. минута домаќините играа со играч помалку. Единствениот гол на мечот го постигна Ристов во 51. минута.

Шкупи кој после денешните натпревари ја прескокна Македонија Ѓ.П и сега е на втората позиција триумфираше против Беласица со 3:1. Головите за чаирчани ги постигнаа Дарбо (два) и еден Алварез. За Беласица погоди Ивановски.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Борец – Струга 2:1

Работнички – Пелистер 1:0

Академија Пандев Ренова 0:1

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Мукаетов ќе биде претседател на РФМ најмалку до 2025 година!

Македонската ракометна федерација по завршувањето на настапот на нашата репрезентација на …